Што е тоа добрина? Дали е тоа орудие со кое се служиме за
да не сакаат и да се почувствуваме исполнети?
Па можеби е само сладок опиум од нашиот ум кој удира со
чеканот по нашето срце и не пара-
лизира со својот разорен отров.
Каква би била таа добрина што ја нудам ако ја немам
доволно за себе? Тоа би бил само еден сон без соништа,
само темнина , тишина без мириси.А сепак се плашам, знам
дека не е доволна само мојата добрина ако целиот свет е
опкружен со злоба и завист.Како таа добрина што ја
чувствувам во моето малечко срце да ја пренесам на другите
а најмногу на возрасните кои како да ја избришале сета
добрина на светот.Потоа како повторно да се будам и се
обидувам да ја сложам сложувалката од зборовите што го
сочинуваат тој збор.
Секојпат кога ќе помислам само на добрина ќе помислам и на
себеси, доволно е само да си дадам љубов за да имам што да
споделам со другите околу мене.Нема да заборавам да се
смеам, нема да заборавам да се радувам на секое
изгрејсонце надевајки сe дека секој ден ќе биде исполнет со
добрина која јас ке ја дарувам надевајќи се дека ке ми биде
возвратена.И потоа гласно ке викнам"Луѓе јас сум среќна и
така сета злоба на целиот свет ке биде закопана во бунарот
на заборавот и насекаде ке зрачи само добрина,среќa и љубов..